22 септември 2026
• од Никола Трајковски
Британскиот премиер Енди Барнам не ја исклучи можноста Лабуристичката партија во иднина да се заложи за повторно членство на Велика Британија во Европската Унија, но нагласи дека тоа прашање засега не е приоритет.
Барнам изјави дека неговата непосредна цел е дополнително подобрување на односите со ЕУ и постигнување практични договори што би ја поддржале британската економија. Тој ги пофали напорите на неговиот претходник Кир Стармер за обновување на врските со европските партнери.
Британскиот премиер во Њујорк треба да разговара со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Меѓу темите е и европската политика „Произведено во Европа“, за која Лондон стравува дека може да има последици врз британската индустрија и синџирите на снабдување.
Барнам, исто така, треба да се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде што се очекува да зборува за периодот по Брегзит и за потребата од заштита на демократските процеси од странско влијание и манипулации.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

