23 септември 2026
• од Гоце Кически
Арбен Таравари смета дека премиерот Христијан Мицкоски пропуштил важен момент за подобрување на односите со Бугарија по трагедијата во Кочани. Во интервју за подкастот „Коридор 8“, тој рече дека помошта што пристигнала од Бугарија создала можност за приближување меѓу двете земји.
Таравари, кој во тој период беше министер за здравство, изјави дека бугарскиот министер за здравство бил првиот колега од регионот кој му се јавил и понудил места за лекување на повредените. Дел од пациентите потоа биле лекувани во болници во Софија, Пловдив и Варна.
„Тоа беше добар момент државите да се зближат. Бугарија го направи првиот чекор“, рече Таравари во подкастот „Коридор 8“.
Тој додаде дека и тогаш сметал оти солидарноста по трагедијата можела да се искористи за намалување на недоразбирањата меѓу Скопје и Софија. Таравари во интервјуто ги критикуваше и, како што ги нарече, антибугарските наративи, оценувајќи дека Македонија и Бугарија треба да градат подобри соседски односи.
ЕУ одмрзнува 4,2 милијарди евра за Унгарија по реформите за владеење на правото
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

