23 септември 2026
• од Гоце Кически
Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица за одредби од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање. Одлуката е донесена со мнозинство гласови.
Судот се повикал на ставот дека за истото прашање веќе било одлучувано во претходна постапка. Дел од судиите имале поинаков став, а според претседателот на Судот, имало и издвоено мислење.
Левица реагираше дека сегашната состојба се разликува од онаа што Судот ја разгледувал претходно. Партијата тврди дека на локалните избори во 2025 година била доведена во нерамноправна положба бидејќи, иако имала сопствена пратеничка група, немала пристап до платено политичко рекламирање како другите политички субјекти.
Од Левица оценија дека со одлуката не биле разгледани нивните аргументи за еднакви услови во политичкиот натпревар и остро го критикуваа Уставниот суд. Судот, пак, останал на ставот дека Собранието има право законски да го уреди начинот на распределба на платеното политичко рекламирање.
ЕУ одмрзнува 4,2 милијарди евра за Унгарија по реформите за владеење на правото
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

