27 септември 2026
• од Гоце Кически
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по денешниот протестен марш во Скопје за поддршка на поранешните водачи на УЧК, оцени дека обвиненијата против нив се „фабрикувани“ врз наративи од Белград и Москва.
Ахмети објави дека во Скопје, Приштина и други градови биле одржани мирни протестни маршеви со барање за ослободување на поранешните водачи на УЧК.
„Оние кои се бореа за слободата на Косово не можат да бидат судени врз основа на фабрикувани обвиненија и наративи изградени од Белград и Москва“, порача Ахмети, нагласувајќи дека правдата треба да се темели на факти и правична постапка.
Маршот во Скопје започна од плоштадот „Скендербег“ и беше организиран во знак на поддршка на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.
Специјализираните совети на Косово во Хаг на 16 септември ги прогласија четворицата за виновни за повеќе воени злосторства. Тачи и Красниќи беа осудени на по 25 години затвор, Весели на 18, а Селими на 13 години. Судот истовремено ги ослободи од обвиненијата за злосторства против човештвото.
Маса од 800.000 верници во Париз за папата, потоа молитва во светилиштето Лурд
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

