27 септември 2026
• од Гоце Кически
Фудбалската репрезентација на Северна Македонија продолжува со серијата без постигнат гол, а на синоќешниот натпревар против Швајцарија не упати ниту еден шут во рамки на противничкиот гол.
Како што објави „Спортманија.мк“, Северна Македонија и Сан Марино биле единствените европски репрезентации кои синоќа не упатиле ниту еден удар во рамки на голот. Сан Марино загуби со убедливи нула спрема седум од Финска.
Македонската репрезентација веќе пет натпревари по ред нема постигнато гол. Офанзивните проблеми траат подолг период, а на последните девет натпревари Северна Македонија постигнала само два гола.
Откако Гоце Седлоски ја презеде селекторската функција, Северна Македонија сè уште нема постигнато гол. Следната можност за прекин на лошата серија ќе биде натпреварот против Словенија, а македонските фудбалери на погодок чекаат веќе десет месеци.
Маса од 800.000 верници во Париз за папата, потоа молитва во светилиштето Лурд
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

