28 септември 2026
• од Гоце Кически
Најмалку 16 млади момчиња од Македонија досега биле идентификувани како лица кои заминале во Србија и биле вовлечени во активности на организирани криминални групи, објави емисијата „КОД“. Најголем дел од нив се на возраст до 21 година, а меѓу нив имало и постари малолетници кои во Србија наполниле 18 години.
Според истражувањето, младите најчесто биле регрутирани од скопските населби Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Драчево и Ново Лисиче. Дел од нив претходно имале проблеми со законот или биле поврзани со продажба на дрога, додека други потекнувале од дисфункционални семејства, згрижувачки семејства или домови.
До нив, според „КОД“, се стигнувало преку лица од Македонија поврзани со криминалното милје. На младите им била нудена „работа“ во Србија, со ветувања за голема заработка, скап ноќен живот и брзо напредување во криминалната хиерархија.
По заминувањето во Србија, дел од нив добивале посебни уреди за комуникација и пристап до затворени канали преку кои им биле задавани задачи. Во случаи кога некои од младите биле барани од македонските власти, според истражувањето, биле користени лажни документи или илегални гранични премини.
„КОД“ наведува дека вкупниот број досега идентификувани млади Македонци поврзани со вакви криминални структури се движи меѓу 16 и 20 лица, а регрутирањето особено се засилило во 2024 година.
Во емисијата се предупредува дека младите не се само извршители, туку често стануваат и жртви на криминалните групи. На дел од нив, според објавените информации, им биле одземани документите, а излегувањето од криминалните структури било исклучително тешко.
Маса од 800.000 верници во Париз за папата, потоа молитва во светилиштето Лурд
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

