30 септември 2026
• од Гоце Кически
Поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов го покани премиерот Христијан Мицкоски да присуствува на церемонијата во Софија по повод враќањето на посмртните останки на цар Самоил од Грција. Церемонијата е закажана за 3 октомври.
Во поканата, Каракачанов наведува дека присуството на Мицкоски би било значајно за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и за почитувањето на договореното во рамки на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година.
Тој потсетува дека двете држави претходно ги прифатија препораките цар Самоил да биде меѓу историските личности кои ќе бидат заеднички чествувани. Таква одлука беше прифатена од двете влади во 2019 година, по предлог на Заедничката историска комисија.
Каракачанов во писмото го нарекува Самоил „голем бугарски владетел“ и оценува дека присуството на македонскиот премиер би било порака за добрососедство и почитување на заедничките договори.
Посмртните останки на цар Самоил на 3 октомври треба да бидат пренесени од Солун во Софија, по договор меѓу Бугарија и Грција. По официјалниот пречек пред Кнежевскиот дворец, предвидена е поворка до црквата „Света Софија“, каде што останките ќе бидат положени.
Руски напади врз Киев: Најмалку четворица загинати, погодена енергетската мрежа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

