01 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Претставници на бугарски организации во Северна Македонија се изјаснија против идејата Бугарите да бидат внесени во Уставот со одложено дејство. Тие побараа договорените обврски да бидат спроведени без дополнително одложување.
Како што пренесува БНР, ставовите биле изнесени пред комисија во бугарскиот парламент, каде што претставниците доставиле протестна декларација. Според нив, внесувањето на Бугарите само во преамбулата, без соодветни измени во законите од кои произлегуваат нивните права, не би претставувало целосно исполнување на преземените обврски.
Маринела Петреска, претседателка на здружение за македонско-бугарско пријателство во Битола, изјави дека евентуалното одложување би значело уште години без уставна заштита. Таа тврди дека припадниците на бугарската заедница се соочуваат со дискриминација, говор на омраза и други притисоци поради нивното самоопределување.
Организациите побараа од бугарските институции и од Европската Унија да инсистираат на почитување на веќе договорените услови. Дел од бугарските пратеници ја поддржале декларацијата и повикале на заштита на правата на бугарската заедница во Северна Македонија.
Украина погоди руски центар за дронови кај Донецк и склад за муниција во Луганск
Филипче: Намалете ги акцизите и ДДВ-то, горивата да поевтинат до 20 денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

