01 октомври 2026
• од Гоце Кически
Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори нова истрага против сопственикот на „Пулс“, осомничен дека дал поткуп на службено лице за незаконски да добие лиценца за угостителска дејност. За него е побаран и притвор.
Според обвинителството, осомничениот дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за да му обезбеди лиценца, иако воопшто не поднел барање и знаел дека објектот не ги исполнува законските услови.
За делото давање поткуп е предвидена казна затвор од една до десет години. Обвинителството смета дека постои опасност од бегство, особено затоа што против осомничениот веќе се води друга постапка за тешки дела против општата сигурност.
Поради тоа, до Основниот кривичен суд во Скопје е доставен предлог за определување притвор. Обвинителството наведува дека мерката е неопходна за да се обезбеди присуството на осомничениот во постапката.
Службеното лице кое, според истрагата, го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

