01 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
СДСМ побара итна смена на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, обвинувајќи го дека во Битола учествувал во политичка кампања поврзана со српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со српската министерка Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски.
Од партијата тврдат дека Стоилковиќ повторно ја промовира „српско-руската агенда“ и дека со своето присуство застанува покрај политичари кои јавно застапуваат анти-НАТО и проруски ставови.
СДСМ ја критикува Ѓурѓевиќ Стаменковски и поради нејзините ставови за Сребреница и поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ. Младиќ е правосилно осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства.
Опозициската партија обвинува дека учеството на македонски министер во активности поврзани со политичка кампања во Србија претставува недозволиво мешање во политичките процеси во соседната држава.
„Македонија е членка на НАТО, а граѓаните ја избраа Европа“, порачаа од СДСМ, од каде побараа Стоилковиќ веднаш да биде разрешен од функцијата.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

