02 октомври 2026
• од Гоце Кически
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски официјално побарал средба со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, која би се одржала следната недела во Софија, објави МИА, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Од Министерството потврдиле за МИА дека барањето е испратено денеска и дека средбата би можела да се одржи на маргините на министерскиот состанок посветен на Коридорот 8.
„Денеска е побарана средба меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, којашто би се одржала следната недела на маргините на министерскиот состанок посветен на Коридорот 8“, пренесе МИА од Министерството.
Барањето следува по разговорите во Скопје меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Мицкоски изјави дека Фон дер Лајен го советувала претстојната посета на Муцунски на Софија да се искористи за директна билатерална средба со бугарската страна.
„Од претседателката добив совет веќе следната недела нашиот министер за надворешни работи и надворешна трговија е во Софија, причина за тоа е Коридорот 8 и проектите коишто ги движиме во рамките на тој Коридор 8, да побараме од домаќинот средба на билатерална основа“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека веднаш побарал од Муцунски да испрати дипломатска нота.
„Јас веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара време за средба и состанок со неговата колешка и да почнеме, процесот од некаде да го движиме“, изјави Мицкоски.
Во актуелната преговарачка рамка, клучниот преостанат чекор за отворање на првиот кластер се уставните измени со кои, покрај другите заедници, во Уставот треба да биде вклучена и бугарската заедница.
Фон дер Лајен пристигна во Северна Македонија, Рокас на пречекот во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

