02 октомври 2026
• од Гоце Кически
Индискиот пилот Смит Мачар, кој беше тешко повреден при напад во пилотската кабина на летот на ФлајДубаи од Дубаи кон Тел Авив, раскажа како успеал да реагира и покрај убодните рани додека авионот нагло губел височина.
„Се борев за животот“, изјави Мачар во видеоразговор од болница во Абу Даби со индискиот премиер Нарендра Моди. Тој рекол дека сфатил оти мора да стане и да дејствува, бидејќи во спротивно животите на патниците би биле загрозени, пренесува Асошиејтед прес.
Според Асошиејтед прес, копилотот го нападнал капетанот во пилотската кабина, по што авионот Боинг 737 почнал нагло да се спушта. Иако тешко повреден, Мачар успеал да ја отвори вратата од кабината, овозможувајќи им на патниците да влезат и да го совладаат напаѓачот.
Во авионот имало 182 лица. Летот бил пренасочен кон Табук во Саудиска Арабија, каде што авионот безбедно слетал.
Напаѓачот, државјанин на Оман, бил уапсен во Саудиска Арабија. Неговиот мотив засега не е утврден.
Фон дер Лајен пристигна во Северна Македонија, Рокас на пречекот во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

