02 октомври 2026
• од Гоце Кически
Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86 килограми храна годишно по жител, што е за 17 килограми повеќе од просекот во Европската Унија.
Како што пренесува МИА, повикувајќи се на податоци од Програмата за животна средина на Обединетите нации, домаќинствата во Македонија во 2024 година создале околу 179 илјади тони отпад од храна.
Отпадот е над европскиот просек и во другите сектори. Рестораните и услугите за исхрана создале околу 25 килограми отпад од храна по жител, а малопродажбата околу 15 килограми. Тоа е за 10, односно за пет килограми повеќе од просекот во Европската Унија.
На ниво на Европската Унија, домаќинствата во просек создаваат по 69 килограми отпад од храна по жител годишно. Според податоците на Евростат, во 2024 година вкупниот отпад од храна во Унијата изнесувал околу 129 килограми по жител, кога се вклучени сите фази од производството до потрошувачката.
Во Македонија засега нема официјална статистика што одделно го мери количеството фрлена храна. Државниот завод за статистика го евидентира вкупниот органски отпад, во кој покрај храната влегуваат и други органски материјали.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

