02 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Украинските и партнерските разузнавачки служби имаат податоци за конкретни руски планови за напади врз одделни земји од Европската Унија, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.
Сибиха за UKRINFORM рече дека Москва преку саботажи и други операции се обидува да создаде страв и да ја намали европската поддршка за Украина. Тој оцени дека ваквите активности веќе ги надминуваат рамките на хибридното војување.
Украинскиот министер нагласи дека европските земји мора да бидат подготвени и дека спречувањето на можните напади треба да биде главен приоритет. Претставници на НАТО претходно оценија дека одговорот на руските активности треба да вклучува посилна соработка меѓу сојузниците и продолжување на поддршката за Киев.
Фон дер Лајен пристигна во Северна Македонија, Рокас на пречекот во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

