04 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат општи избори, на кои околу 3,4 милиони регистрирани гласачи избираат членови на Претседателството, пратеници и претставници во институциите на двата ентитета.
Во фокусот на изборите е и прорускиот политичар Милорад Додик, кој не е кандидат, но и натаму има силно влијание врз политичката сцена во Република Српска, пренесува АП. Тој има забрана за вршење јавна функција по судска пресуда поради непочитување на одлуките на меѓународниот претставник задолжен за спроведувањето на мировниот договор.
Додик неодамна престојуваше во Москва, каде што се сретна со рускиот диктатор Владимир Путин. Во текот на кампањата продолжи со пораки против функционирањето на заедничката држава, додека западните земји подолго време предупредуваат дека сепаратистичката политика може дополнително да ги продлабочи етничките тензии.
На овие избори за првпат пошироко се применуваат нови изборни технологии, меѓу кои електронска идентификација на гласачите и скенирање на гласачките ливчиња. Според АП, на дел од избирачките места гласањето почнало со задоцнување поради технички проблеми. Новиот систем е воведен со цел да се намалат сомнежите за изборни нерегуларности.
Изборите се одржуваат во период на политички и етнички тензии, но и на незадоволство поради животниот стандард и иселувањето на младите. Босна и Херцеговина останува кандидат за членство во Европската Унија, а европските институции бараат забрзување на реформите и поголема политичка соработка за напредок во пристапниот процес.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

