04 октомври 2026
• од Гоце Кически
Протоѓаконот Дејан Коруноски, роден во Прилеп и дел од Бугарската православна црква, сослужуваше со бугарскиот патријарх Даниил на заупокоената молитва за цар Самоил во храмот „Света Софија“. Коруноски, покрај црковната служба, е и лекар хирург во познатата софиска болница „Пирогов“.
Како што објави „Религија.мк“, со патријархот Даниил сослужувале двајца протоѓакони – Дејан Коруноски, роден во Прилеп, и Иван Петков, роден во Истанбул и потомок на цариградски Бугари.
Коруноски е роден на 8 мај 1981 година во Прилеп, каде што ги завршил основното и средното образование. Подоцна заминал во Софија, каде што паралелно ги развивал својата медицинска професија и црковната служба.
Коруноски дипломирал медицина во Софија во 2005 година, а потоа специјализирал хирургија. Работел и се усовршувал во повеќе хируршки клиники, а својата професионална кариера ја продолжил како хирург во болницата „Пирогов“.
Во исто време останал активно поврзан со Бугарската православна црква. Во 2002 година бил пострижен за ипоѓакон во патријаршиската катедрала „Св. Александар Невски“, а подоцна бил ракоположен за ѓакон. Во 2020 година бил удостоен со достоинството протоѓакон.
„Во храмот ‘Света Софија’ за цар Самоил служеа духовници поврзани со различни географски и историски средини“, наведува „Религија.мк“.
Во богослужбата учествувал и протоѓаконот Иван Петков, роден во Истанбул и потомок на бугарската заедница во Цариград. Нивното учество беше дел од свечената црковна церемонија посветена на средновековниот владетел цар Самоил.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

