06 октомври 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, оцени дека најповолниот економски период во поновата македонска историја бил во времето кога премиер бил Љубчо Георгиевски.
Како што објави „Македонски радио портал“, Азески во емисијата „Бизнис класа“ бил прашан во кој период од независноста граѓаните и бизнисот биле во најдобра економско-финансиска состојба. Неговиот одговор бил: „Во времето кога поет беше премиер“, алудирајќи на периодот од 1998 до 2002 година.
Во разговорот било отворено и прашањето за економската активност и движењето на парите во тој период. Азески оценил дека капиталот циркулирал на начин што им овозможувал на граѓаните и компаниите поголема финансиска стабилност.
Во емисијата се разговарало и за медиумската слобода. Водителот Мишко Иванов оценил дека во тие години постоел висок степен на медиумски плурализам и слобода на изразување.
Над 4.500 спорни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

