06 октомври 2026
• од Гоце Кически
Српскиот политичар Ненад Чанак остро му одговори на претседателот Александар Вучиќ, откако, како што тврди, Вучиќ го споменувал на политички митинзи. Во подолга објава, Чанак изнесе низа историски и политички тврдења за Војводина и повторно побара да се отвори прашањето за нејзината положба во Србија.
Чанак потсети дека по распадот на СФРЈ, која имала осум федерални единици, на крајот биле создадени седум независни држави. Тој нагласи дека просторот на Војводина бил дел од Хабсбуршката монархија од Карловачкиот мир во 1699 година до 1918 година, што, според него, е многу подолг период отколку времето поминато во самостојна Србија.
Тој го оспори и тврдењето дека српската војска ја „ослободила“ Војводина во 1918 година. Според Чанак, српските сили само влегле на територијата, додека локалното население веќе било самоорганизирано за одржување на редот. Како аргумент, тој побара да се посочи име на српски војник загинат при тогашното „ослободување“ на Војводина.
Чанак се повика и на текстот „Плачи, Војводино“ на Јаша Томиќ, објавен кратко по обединувањето, за кој рече дека сведочел за големо незадоволство поради економскиот однос на новата власт кон покраината.
Тој потсети дека уште пред прогласувањето независност на Косово предлагал федерализација на Србија, со цел, според него, да се создадат услови за зачувување на тогашната држава. Чанак смета дека политичкиот централизам во Белград бил поважен за тогашните власти од таквото решение.
Чанак наведе дека предлагал и во Уставот името на државата да биде „Република Србија и Војводина“, но дека идејата не била ниту сериозно разгледувана.
На крајот, тој порача дека без оглед на исходот од изборите, идната влада треба да започне разговори за Војводина.
„Кој не сака да разговара, подоцна мора да преговара“, порача Чанак, додавајќи дека некој ќе мора да одговара за состојбите во земјата и директно му порача на Вучиќ дека смета оти тоа би можел да биде токму тој.
Над 4.500 спорни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

