10 октомври 2026
• од Гоце Кически
ДУИ објави видеоснимка за која тврди дека прикажува полициска бруталност врз двајца млади мажи за време на интервенција во средата. МВР започна истрага за случајот, објави „Либертас“.
На снимката, направена од поголема оддалеченост во ноќни услови, се гледаат неколку лица кои удираат други лица со тупаници и клоци покрај паркиран автомобил. Во близина се забележуваат и полициски ротациски светла. Снимката е без звук, а идентитетот на лицата не може јасно да се утврди.
„Застрашувачко видео од тепањето двајца млади мажи од страна на полицијата! Одговорност!“, порачаа од ДУИ при објавувањето на видеото на социјалните мрежи.
Партијата претходно објави и фотографии од двајцата млади мажи, за кои тврди дека биле физички нападнати и малтретирани од полициски службеници.
Од ДУИ побараа итна, непристрасна и транспарентна истрага, утврдување одговорност за евентуалното незаконско постапување, како и оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени.
По обвинувањата, МВР соопшти дека Одделот за внатрешна контрола започнал постапка за испитување на случајот. Засега не е официјално утврдено дали полициските службеници употребиле прекумерна сила.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

