13 октомври 2026
• од Гоце Кически
Еколошката организација „Еко-свест“ побара од министерот за животна средина итно да ја достави потребната документација за да се обезбедат средства за санација на токсичната депонија на поранешниот „Југохром“ во Јегуновце.
Од организацијата предупредуваат дека депонијата со шестовалентен хром претставува ризик за загадување на изворот Рашче, од кој со вода за пиење се снабдува Скопје.
По актуелизирањето на опасноста, Владата одлучила да преземе мерки за спречување на загадувањето. Според „Еко-свест“, веќе постои донатор кој е подготвен преку грант да ја финансира првата фаза од проектот.
Средствата би биле наменети за санација на пречистителната станица и подготовка за расчистување на депонијата. Меѓутоа, за да се обезбеди финансирањето, Министерството за животна средина мора навреме да ги достави потребните документи.
„Рокот е краток“, предупредуваат од „Еко-свест“, барајќи итна реакција од министерот.
Организацијата нагласува дека доколку документацијата не биде доставена навреме, може да пропадне можноста за финансиска помош. Со тоа би се одложил важен чекор кон трајно решавање на проблемот, додека ризикот од понатамошно загадување би останал.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

