13 октомври 2026
• од Гоце Кически
Љупчо Георгиевски од бугарскиот културен клуб „Една роза“ во Битола, поранешниот клуб „Иван Михајлов“, се огласи по пристигнувањето на Ива Михаилова од Кочани во Софија, каде што таа замина за да добие медицинска помош.
Во емотивна објава на социјалните мрежи, Георгиевски порача дека по месеци болка, искушенија и неизвесност, Михаилова конечно е на место каде што се чувствува заштитена.
„Девојката од еден наш град замина во друг, поголем наш град, за да се лекува“, напиша Георгиевски, нагласувајќи ја блискоста што ја чувствува со Михаилова.
Тој тврди дека во Северна Македонија таа била изложена на притисоци поради нејзиното бугарско национално самосознание и дека во Софија пронашла надеж и чувство на сигурност.
„Понекогаш треба да поминеш стотици километри за да стигнеш до место каде што не мора да објаснуваш кој си“, порача Георгиевски.
Објавата ја заврши со зборовите: „Ива не само што пристигна во Софија. Таа се врати дома!“
Михаилова пристигна во бугарската престолнина на 12 октомври и беше примена во болницата „Пирогов“, каде што се вршат невролошки и неврохируршки испитувања за да се утврди нејзината здравствена состојба и понатамошното лекување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

