13 октомври 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот амбасадор во Северна Македонија, Жељазко Радуков, изјави дека случајот со Ива Михаилова од самиот почеток е хуманитарно прашање и не требало да се претвори во политички спор. Тој ова го изјави по разговорот во Министерството за надворешни работи во Скопје, каде што беше повикан поради случувањата поврзани со нејзиното заминување во Бугарија.
Радуков истакна дека и за бугарските власти нејзиното пристигнување во Софија било изненадување, но нагласи дека ја разбира нејзината одлука да побара можност за лекување.
„Разбираме дека во состојба на очај решила да дојде во Бугарија“, изјави амбасадорот.
Тој посочи дека во Северна Македонија постојат законски механизми што овозможуваат лекување во странство и за лица на кои им се определени мерки за ограничување на движењето, но изрази загриженост што тие не биле применети во случајот на Михаилова.
Според Радуков, дополнителна причина за загриженост е тоа што надлежна здравствена установа во Северна Македонија утврдила дека потребното лекување не може да се спроведе во земјата, а истовремено не ѝ било овозможено да замине во странство.
Радуков изрази надеж дека овој хуманитарен случај нема да се одрази негативно врз односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

