14 октомври 2026
• од Гоце Кически
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби од 13 октомври повеќе не е во куќен притвор. Неговото излегување беше проследено со голема поддршка од десетици луѓе во Скопје. Груби беше пречекан со огномет, запалени факели и веселба во хотелски ресторан, јавува libertas.mk.
Судењето за злоупотребите со набавката на видеолотариски терминали за игри на среќа продолжува. Груби е обвинет за злоупотреба на службената положба, а според Обвинителството предизвикал штета од околу 9,7 милиони евра.
Судот му го одзеде пасошот и му постави дополнителни мерки – забрана да ја напушта адресата и обврска редовно да се пријавува во судот додека трае процесот.
Груби беше во бегство повеќе од една година, а на властите се предаде во февруари 2026 година. Потоа беше ставен под куќен притвор поради загрозена безбедност.
Историско чудо: Видението на Пресвета Богородица во Цариград - 14 октомври 2026
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

