16 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Бугарскиот министер за внатрешни работи Демерџиев изјави дека Ива Михаилова не се бара во Бугарија и дека нема да биде предадена на властите во Северна Македонија. Тој нагласи дека таа е бугарска државјанка и дека престојува во Бугарија за да добие медицински третман.
„Во нашата дирекција за меѓународна оперативна соработка пристигнало барање за нејзина екстрадиција, но одговорот е негативен. Ниту ја бараме, ниту ќе ја предадеме“, изјави Демерџиев.
Интересен момент се случи кога министерот, наместо македонските, ги спомена српските власти.
„Ниту ја бараме, ниту ќе ја предадам на српските власти“, рече Демерџиев.
Потоа додаде: „Беше грешка, но да кажеме дека не е баш толку голема грешка“.
„Властите на Република Северна Македонија, да бидеме прецизни“, појасни министерот.
Демерџиев потврди дека Михаилова се наоѓа во Бугарија поради потребата од лекување.
„Таа е тука за да се лекува“, нагласи тој.
Во однос на околностите под кои Михаилова ја преминала границата, министерот изјави дека тие сè уште се утврдуваат и дека засега не сака да открива дополнителни детали.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

