18 октомври 2026
• од Стефан Николов
Васко Јолески од Струга, кој повеќе од шест години живееше со механичка циркулаторна потпора и чекаше донорско срце за трансплантација, почина по долгогодишна борба со тешка срцева болест. Тој беше претседател на Националното здружение „Храбро срце“ и се залагаше за подобра поддршка на пациентите. Веста ја објави Либертас.
На Јолески во 2011 година му била дијагностицирана тешка срцева слабост. По влошувањето на состојбата, му била вградена механичка потпора што му го одржувала животот додека го чекал потребното срце.
Како претседател на здружението, тој јавно зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат пациентите и бараше подобри услови за лекување и системска поддршка. Постојано ја истакнуваше и важноста на органодарителството, нагласувајќи дека една донаторска одлука може да спаси животи.
Неодамна се појави можност за трансплантација со компатибилно срце. Јолески со надеж ја прифатил, но не ја дочека шансата за нов почеток. Неговата борба и залагањето за пациентите ќе останат дел од неговото наследство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

