17 октомври 2026
• од Гоце Кически
Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави одлуката на Грција да ѝ ги предаде на Бугарија посмртните останки на цар Самоил, велејќи дека тие ѝ припаѓаат на бугарската нација. Тој го оцени договорот меѓу двете земји како чекор кон правда, мир и разбирање.
„Грција правилно ги предаде посмртните останки на цар Самоил, затоа што тие ви припаѓаат вам. Тој бил ваш владетел“, изјави Вартоломеј во интервју за Бугарската национална телевизија, пренесува religija.mk.
Останките беа пречекани во Бугарија со воени почести на 3 октомври, а потоа беа положени во храмот „Света Софија“ во Софија. Вартоломеј изрази надеж дека договорот меѓу Атина и Софија ќе поттикне пошироки напори за надминување на неправдите од минатото.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

