17 октомври 2026
• од Темелко Тошев
На Клиниката за психијатрија во првите седум месеци од 2026 година се евидентирани 101 пациент со стресни растројства поврзани со семејно или партнерско насилство. Во целата 2025 година биле регистрирани 79 вакви случаи, покажуваат податоците објавени од „Фокус“.
Од Клиниката предупредуваат дека поголемиот број пациенти што побарале помош не значи нужно дека се зголемило и насилството во општеството. Податоците се добиени со анализа на електронските здравствени записи во системот „Мој термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година. Опфатени се пациенти со стресни растројства кај кои во медицинската документација било наведено семејно или интимно-партнерско насилство.
Најмногу случаи во 2026 година биле евидентирани во март — 27. Во април имало 23, а во јуни 21 пациент. Периодот со најмногу пријавени случаи се совпаднал со трагичниот настан во Скопје, во кој мајка и нејзиното дете загинаа по пад од балкон, а претходно биле пријавувани случаи на долгогодишно семејно насилство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

