09 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Трошоците за живот во февруари годинава се зголемиле за 0,2 отсто во споредба со претходниот месец, додека на годишно ниво порастот изнесува 2,9 проценти. Ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), според кои инфлацијата и понатаму бележи умерен раст.
Според извештајот на ДЗС, индексот на цените на мало во февруари бележи намалување од 0,3 проценти во однос на јануари. Сепак, на годишно ниво овој индекс е зголемен за 1,6 проценти.
На годишна основа, најголем раст на цените е забележан кај рекреацијата, спортот и културата, каде што цените се повисоки за 5,4 проценти. Следуваат алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците со пораст од 4,9 проценти, како и храната и безалкохолните пијалаци, кои се поскапи за 3,9 проценти.
Според статистичките податоци, растот на трошоците на животот е резултат на поскапувања во повеќе сектори. На месечно ниво, најголемо зголемување е регистрирано во секторот образование, каде што цените се повисоки за четири проценти.
Значително влијание врз растот на инфлацијата има и поскапувањето на облеката и обувките, кои се зголемени за 1,1 процент. Во февруари повисоки биле и трошоците за лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги, со пораст од 0,9 проценти.
Алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците забележале раст од 0,3 проценти, додека цените на храната и безалкохолните пијалаци, како и трошоците за домување, вода, електрична енергија, гас и други горива се зголемиле за 0,2 проценти.
Од друга страна, намалување на трошоците на живот во февруари е регистрирано кај покуќнината, опремата за домаќинствата и редовното одржување на домаќинствата, здравствената заштита, транспортот, како и информациите и комуникациите, каде падот се движи од 0,2 до 0,8 проценти.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека кај цените на мало на месечно ниво најголемо зголемување има кај земјоделските производи, кои во февруари се поскапи за 0,7 проценти. За 0,5 проценти поскапи биле и алкохолните и безалкохолните пијалаци.
И на годишно ниво најголем пораст кај цените на мало има кај земјоделските производи, кои се повисоки за 3,4 проценти, додека прехранбените и индустриско-прехранбените производи бележат зголемување од 3,3 проценти.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Саше Политико: УДБА е премногу укопана за Заев да го решeше бугарското прашање
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

