13 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Исламска верска заедница најави дека во текот на месецот Рамазан ќе биде отворена најголемата џамија во Македонија, која се наоѓа во скопската населба Топанско Поле.
Рамазан годинава започнува на 18 февруари, а според најавите, верскиот објект ќе биде целосно подготвен за извршување на сите верски обреди во текот на светиот месец. Џамијата се гради со финансиска поддршка од Турција, што претставува дел од пошироката соработка меѓу верските и институционалните претставници на двете земји.
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир еф. Фетаи, заедно со амбасадорот на Турција во земјава, Фатих Улусој, како и други високи претставници на ИВЗ, деновиве извршија последна проверка на објектот. При посетата било констатирано дека градежните и организациските активности се одвиваат според планираната динамика.
Според донесената одлука, џамијата ќе ги исполнува сите потребни организациски и функционални стандарди за непречено одвивање на верските активности за време на Рамазан. Фетаи ја истакна важноста на поддршката од Турција, како и значењето на меѓуинституционалната соработка во реализацијата на проектите наменети за верниците.
Точниот датум на свеченото отворање сè уште не е прецизиран, но од ИВЗ најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана во наредниот период.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

