28 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
„Колку жени треба да умрат за системот да се разбуди и да постапува?“ – прашува претседателката на Либерално-демократска партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, реагирајќи на последните трагични настани во кумановскиот регион.
Повод за нејзината изјава е информацијата објавена од 4news.mk, според која 35-годишната жена, чие убиство се поврзува со потенцијален сериски убиец, претходно била следена од осомничениот, а случајот бил пријавен во полиција.
Зајкова потенцира дека ваквиот наслов не смее да остане само уште една краткотрајна медиумска сензација. Таа поставува директни прашања до институциите:
Таа потсетува дека иницијативата на ЛДП за воведување електронска нараквица за следење на сторители на насилство била отфрлена во Собранието без сериозна аргументација. Според неа, денешните настани отвораат прашање дали таквата мерка можела да спречи трагедија.
Во конкретниот случај, како што наведува Зајкова, против истиот човек постоеле две пријави:
Станува збор за општина со околу 3.500 жители, каде, како што истакнува таа, не може да се зборува за преоптоварен систем со илјадници пријави дневно.
„Зборуваме за две жени кои побарале помош. Едната преживеала. Другата не“, посочува Зајкова.
Првата жртва јавно изјавила дека ништо не било преземено по нејзината пријава. Таткото на втората жртва, пак, изјавил дека полицијата отишла кај осомничениот, но бидејќи не бил дома – постапувањето завршило таму.
„Дали тоа е постапување? Дали тоа е заштита?“, прашува таа.
Дополнителна загриженост предизвикува фактот што докторка констатирала насилна смрт кај двете жртви. Сепак, за едната не била побарана обдукција, а родителите дури и не биле информирани дека станува збор за насилна смрт.
„Како е можно, по констатација за насилна смрт, да не се побара обдукција? Каде повторно затаија институциите на системот?“, прашува Зајкова.
Таа бара одговори дали е покрената внатрешна истрага во полициската станица, кој одлучил да не се преземат мерки и кој проценил дека нема ризик. Во случај да се утврдат пропусти, поставува прашање – кој ќе сноси одговорност?
Според Зајкова, кога институциите имаат конкретни пријави за проблематично лице, кога жртвите доставуваат целосни податоци, кога постојат сомнителни околности и медицинска констатација за насилна смрт – неизвршувањето на дејствија не може да се оправда.
„Не бараме сензација. Не бараме политички поени. Бараме институционално постапување. И најмалку што јавноста заслужува е – одговор. Престанете да молчите“, порачува претседателката на ЛДП.
Нејзината порака отвора поширока дебата за одговорноста на институциите, механизмите за превенција на родово базирано насилство и потребата од системски мерки кои ќе спречат нови трагедии.
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

