Анчелоти: Ударот на Ламин не беше гол, пеналот беше чист
Ламин Јамал мислеше дека ја доведе Барселона во предност во 28. минута од дербито против Реал Мадрид, кога со глава го изведе корнерот на Рафиња.
Андриј Лунин го одбрани ударот, но изгледаше како да ја мина линијата. Судијата и ВАР одлучија дека тоа не е така и голот беше поништен.
Во Ла Лига, не постои технологија на гол-линијата за автоматско одредување дали требало да се постигне или не.
На прес-конференцијата по натпреварот тренерот на „белиот балет“ Карло Анчелоти беше запрашан за инцидентот.
„Мислам дека ударот на Ламин не беше гол. Не постои начин јасно да се утврди дека топката ја поминала гол линијата. Така, овој удар не можеше да се признае.
„Фулот против Лукас Васкез беше правилно досуден, тоа е јасно.
На крајот Барселона го загуби натпреварот со 3:2.