Карлос Насар собори нов светски рекорд, но тој нема да биде признаен
Кревачот на тегови Карлос Насар собори светски рекорд за време на натпреварување во Втората Бундес лига, каде што се натпреварува за тимот „Хајнсхајм“, пренесува Гонг.
Европскиот првак закова 226 килограми во туркањето, но постигнувањето нема да биде признаено. Само резултатите од Олимписките игри, Светските и Европските првенства, како и Светскиот куп се признати како рекорди во кревање тегови.
Дополнително, Бугаринот имаше лична тежина од 90,80 килограми, а светскиот рекорд е за категорија до 89 килограми. Врвот досега нему му припаѓа - 223 килограми на Светското првенство во Доха на крајот од минатата година. Бугарскиот талент направи неуспешен обид за светски рекорд и во другото движење. Сепак, не успеа на 183 килограми во фрлањето. 19-годишниот Насар му помогна на својот тим Хајнхајм да се пласира во Првата Бундес лига.