Кога Реал Мадрид може да триумфира со титулата во Ла Лига
Реал Мадрид е на прагот да ја освои првата титула во Ла Лига по две години.
Избраниците на Карло Анелоти имаат 11 бода повеќе од второпласираната Барселона, откако ги победија со 3-2 во директна пресметка во неделата.
Со оглед на тоа што остануваат уште само шест натпревари во сезоната, тоа значи дека белиот балет ќе триумфира со титулата доколку победи уште два (против Реал Сосиедад и Кадиз) и барем нерешено против Гранада.
Така, Мадрид може официјално да биде крунисан за шампион на 12 мај - три кола пред крајот на сезоната.