Тен Хег: Успехот против Ковентри е големо достигнување! Сакаме да победиме во финалето
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег го коментираше успехот на неговиот тим против Ковентри во полуфиналето на ФА Купот.
„Црвените ѓаволи“ водеа со 3-0, но примија израмнувачки гол и им беа потребни пенали за да се квалификуваат за последниот натпревар на турнирот.
„Сакаме да победиме против Сити. Имаме добри шанси да победиме во финалето, иако ќе играме против најсилниот тим во светот. Имавме многу подеми и падови оваа сезона. Освојувањето на ФА Купот нема да ја направи нашата кампања успешна“.
„Нашиот настап против Ковентри не е ништо за срам, би го нарекол достигнување. Ги гледаме грешките, но тоа е достигнување, а не нешто од кое треба да се срамиме“.
„Го контролиравме натпреварот 75 минути, но мораме да му честитаме на тимот на Ковентри за она што го направи во последните 15 минути. Мора да се подобриме. Многу зборуваме за тоа.