Тер Штеген за судењето на дербито со Реал: Срам за фудбалот
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген го коментираше поразот на неговиот тим од Реал Мадрид со 2:3.
„Срам за фудбалот во целиот свет! Нема технологија на гол-линијата, зошто? Има многу пари во оваа индустрија, но тоа не изгледа како најважното нешто. Срамота е."
По коментарите на Тер Штеген следеше поништениот гол на Ламин Јамал, во кој изгледаше дека топката ја мина гол линијата, но судиите досудија дека е надвор од целта.