Бугарските пошти ќе разменуваат левови во евра во над 2200 канцеларии
Со приближувањето на влезот на Бугарија во еврозоната, „Бугарски пошти“ објавија дека ќе започнат со размена на левови во евра во 2230 свои поштенски канцеларии низ земјата. Според Националниот план за воведување на еврото, оваа услуга ќе биде достапна веднаш по пристапувањето на земјата кон еврозоната.
Граѓаните ќе можат да разменуваат до 1.000 лева дневно, без потреба од претходна најава. За суми помеѓу 1.000 и 10.000 лева дневно, потребно е да се поднесе претходна нарачка најмалку 3 до 5 работни дена однапред, и тоа само во 954 одредени поштенски канцеларии низ Бугарија.
Важно е да се напомене дека „Бугарски пошти“ нема да вршат размена за суми над 10.000 лева дневно по лице.
За населени места каде што нема банки или други кредитни институции, поштенските канцеларии ќе бидат единствено место за размена на валутата. Во првите шест месеци од воведувањето на еврото, услугата ќе биде бесплатна за граѓаните, исто како и кај сите кредитни институции кои исто така ќе разменуваат левови за евра без ограничувања и без провизија, по официјалниот фиксeн курс.
Листата на сите поштенски канцеларии каде што ќе се врши размената е веќе објавена на официјалната веб-страница на „Бугарски пошти“.