TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
СВЕТ

Кошта: Украина ќе одлучи кога се исполнети условите за почеток на мировни преговори

25 февруари 2025

• од Вардарски

Нема да има кредибилни и успешни преговори и нема да има траен мир без Украина и без Европската Унија и само Киев може да одлучи кога ќе бидат исполнети условите за почеток на мировни преговори, порача денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето на Меѓународниот самит за поддршка на Украина, што се одржа во украинскиот главен град.

– Мирот не може да биде едноставен прекин на огнот. Тоа треба да биде траен договор. Мирот не треба да го награди агресорот. Треба да ги научиме лекциите од минатото, од договорите од Будимпешта и Минск. Само конкретни и силни безбедносни гаранции ќе обезбедат сеопфатен, праведен и траен мир во Украина и во цела Европа, нагласи Кошта.

Според него, Русија претставува закана за меѓународниот поредок заснован на правила, а нејзиниот претседател Владимир Путин сака „да не подели“, па затоа со денешното свое присуство во Киев, европските претставници покажуваат дека поддршка на ЕУ за Украина е силна, единствена и непроменета.

– Европската Унија е подготвена да направи се што е потребно за нејзината безбедност и да продолжи да ја поддржува Украина. Затоа свикав специјален Европски совет, следната недела, на 6 март, за поддршка на Украина и зајакнување на одбраната на Европа, рече Кошта.

Тој нагласи дека Унијата е подготвена ефикасно да ги зајакне своите одбранбени способности и значително да инвестира во нив, како и да ја зголеми финансиската и воената поддршка за Украина.

– Ние сме подготвени да ја изградиме иднината на Украина во рамките на Европската Унија, додаде Кошта.

Тој потсети дека на денешен ден пред три години Русија започна неиспровоцирана, неоправдана и незаконска целосна инвазија врз Украина.

– Таа војна го нарушува суверенитетот на Украина, нејзиниот територијален интегритет, нејзините меѓународно признати граници и основните принципи на меѓународното право содржани во Повелбата на Обединетите нации. Моите мисли се со сите Украинци. Со сите оние кои изгубија член на семејството или пријател и со тие што се ранети, рече Кошта.

Според него, Русија и нанесе сурово и неоправдано страдање на Украина, па со присуството во Киев, тој и останатите европски претставници ја демонстрираат солидарност на ЕУ со народот на Украина и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Бевме тука со вас од првиот ден. Сме и ќе бидеме со вас, рамо до рамо, во војната, во идните мировни преговори, во обновата и како земја членка на Европската Унија. Сите сакаме оваа војна да заврши и страдањето и уништувањето да престанат. Затоа овој момент е толку важен, оцени Кошта во обраќањето на собирот во Киев.

Кошта заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и 21 еврокомесар денеска престојуваат во Киев со цел да ја изразат непоколебливата поддршка на ЕУ за борбата на Украина за независност и слобода на третата годишнина од почетокот на руската инвазија.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
24 јануари 2026

Квалитетот на живот во Северна Македонија меѓу најниските на Балканот

СВЕТ
24 јануари 2026

Данската премиерка ја посети Гренланд во услови на спор со САД

МАКЕДОНИЈА
24 јануари 2026

Трајановски: Буџетска дупка од 2 милијарди евра ја турка државата кон предвремени избори

МАКЕДОНИЈА
24 јануари 2026

Ким Мехмети: Во Македонија сиромашен си само додека не влезеш во политика

МАКЕДОНИЈА
24 јануари 2026

Филип Петровски: Српскиот свет е сериозна закана што го негира постоењето на Македонија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
24 јануари 2026

Илијана Јотова официјално првата жена претседател на Бугарија

МАКЕДОНИЈА
24 јануари 2026

СДСМ обвинува: Усвоен Закон за „Safe City“ без контрола – вовед во недемократски избори

СВЕТ
24 јануари 2026

Бугарија водечка во Европа по извоз на црн кавијар

МАКЕДОНИЈА
24 јануари 2026

Николоски: Шенгенските ограничувања можат да ја колабираат македонската економија

МАКЕДОНИЈА
24 јануари 2026

Амбасадорката Агелер: Коридор 8 и поврзаноста со Бугарија се клучни за иднината на С. Македонија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
24 јануари 2026

Денес 24 јануари 2026 година се празнува Преподобен Теодосиј Велики

МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

Виктор Стојанов: Ме обвинуваат дека ги негирам Македонците, а јас признавам дека постојат денес

МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

161 работник загинале за пет години: Несреќите при работа остануваат сериозен системски проблем

МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

Утре протест против аерозагадувањето во Струмица

МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

Левица: Владата ги игнорира работниците, младите масовно ја напуштаат државата

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

Вработените во Македонска пошта на протести низ цела држава поради неисплатени плати

МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

Уште еден автобус на ЈСП се запали во Скопје

МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

Собранието го изгласа Законот за прекршоци, „Сејф сити“ стартува од 1 февруари

СВЕТ
23 јануари 2026

TikTok склучи договор вреден 14 милијарди долари за да избегне забрана во САД

СВЕТ
23 јануари 2026

Радев ја напушта претседателската функција, Јотова станува вршител на должноста

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

Од Скопје до Софија: Младите од Северна Македонија и Бугарија градат заедничка климатска визија

СВЕТ
23 јануари 2026

На еврото догодина ќе се појави бугарската азбука

СВЕТ
23 јануари 2026

Заедничка експертска група ќе работи на енергетски проекти меѓу Бугарија и САД

МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

Ким Мехмети: Елити со српска политичка памет ја пишувале македонската историја

СВЕТ
23 јануари 2026

Банско и Боровец меѓу најдостапните ски-дестинации во Европа

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

Билборди за „Денови на Свети Сава“ во Скопје – симбол на растечкото српско влијание

МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

Малинка В’лкова: Стравот од 300 илјади бугарски пасоши ги држи Бугарите надвор од Уставот

МАКЕДОНИЈА
23 јануари 2026

ССМ излегува на улица на 28 јануари, ќе се бара минимална плата од 600 евра

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега