Буркина Фасо ги истражува убиствата на цивили на северот на земјата
Буркина Фасо истражува убиства во две села на северот од земјата во февруари. Ова го изјави владиниот портпарол, цитиран од Ројтерс.
Тој го отфрли извештајот на Хјуман рајтс воч (ХРВ) за наводно егзекуција на 223 лица од страна на армијата на Буркина Фасо.
Цитирајќи телефонски повици и интервјуа со сведоци, граѓанско општество и други, во извештајот на ХРВ се обвинува војската за егзекуција на жителите на Нодин и Соро.
Портпаролот на хунтата нагласи дека е покрената истрага за случајот.
Насилството во регионот, поттикнато од децениската битка со исламистичките групи поврзани со Ал Каеда и групата Исламска држава, се влоши откако воените хунти ја презедоа власта во Буркина Фасо и соседните Мали и Нигер.