Еден загинат и четворица мигранти исчезнати во бродска несреќа во Грција
Грчката крајбрежна стража извести за еден загинат и четворица исчезнати мигранти откако нивниот брод потонал кај островот Самос, објави Ројтерс. Спасени се уште 25 лица.
Спасените мигранти се пренесени во пристаништето во Самос, а операцијата за потрага по исчезнатите продолжува.
На 27 април, грчката крајбрежна стража откри уште еден глисер со мигранти кај островот Хиос. По потера, грчките власти пронашле 20 мигранти, меѓу кои и две деца кои веќе биле кај о. Хиос.
Мигрантите кои се обиделе да влезат во Европа од Грција минатата година се искачиле на 41.561. Околу 10.854 мигранти годинава стигнале во Грција по морски пат.