08 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Американската амбасада во Осло беше погодена од експлозија која предизвика помала материјална штета, но нема повредени лица, соопшти норвешката полиција.
Силен тресок бил слушнат во близина на комплексот на амбасадата во западниот дел на Осло околу 1 часот по полноќ, а очевидци за локалните медиуми изјавиле дека од местото се издигнувал чад.
„Утврдивме дека експлозија ја погодила американската амбасада,“ изјави портпаролот на полицијата Микаел Делемир, додавајќи дека експлозијата се случила кај влезот во конзуларниот оддел.
Во тек е потрага по сторителите на нападот, а според полицијата, во околината не се пронајдени дополнителни експлозивни направи.
„Полицијата е во контакт со амбасадата и засега нема пријави за повредени лица,“ соопшти Полицискиот оддел на Осло во посебно соопштение.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

