06 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Финска планира да ја укине долгогодишната забрана за распоредување нуклеарно оружје на своја територија, јавува агенцијата Ројтерс.
Законот за нуклеарна енергија, усвоен во 1987 година, забранува увоз, производство, поседување и детонација на нуклеарни експлозивни материи на финска територија.
Финска за време на Студената војна одржуваше политика на неутралност, но во 2023 година се приклучи на НАТО, како одговор на целосната руска инвазија врз Украина во 2022 година.
Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави дека измената на законот е неопходна за земјата целосно да може да се брани како дел од Алијансата.
„Измената е потребна за да ѝ се овозможи на Финска целосно да се заштити како членка на алијансата и максимално да го искористи одвраќањето и колективната одбрана на НАТО“, истакна Хаканен.
Тој додаде дека предложената законска промена ќе биде доставена до парламентот, каде што десничарската коалициска влада има мнозинство.
Шведска, Данска и Норвешка имаат долгорочна политика против распоредување нуклеарно оружје на нивна територија во мирнодопски услови, но немаат законска забрана за такво распоредување во време на војна. Шведската доктрина, пак, предвидува да нема постојано распоредени странски војски или нуклеарно оружје на нејзина територија во мир.
Финска има заедничка граница со Русија долга 1340 километри, а во 2024 година потпиша и одбранбен договор со САД, со кој им се дозволува користење на 15 фински воени бази и зони.
Бугарија очекува железничката врска со С. Македонија да биде завршена до 2030 година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

