Франција со обиди да ги намали тензиите меѓу „Хезболах“ и Израел
Франција ќе помогне да се намалат тензиите меѓу Израел и Хезболах. Ова го изјави францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне, цитиран од Ројтерс.
Тој на 28 април со либанските власти ќе разговара за предлозите за намалување на тензиите.
Според шефот на француската дипломатија, доколку нема војна во Газа, лесно може да има војна во јужен Либан, со оглед на бројот на удари на двете страни.
Сежурне веќе предложи Хезболах да се повлече 10 километри од израелската граница, додека Израел да ги запре нападите во јужен Либан. Предлогот, кој беше даден на почетокот на годината, беше дискутиран со партнери, вклучително и САД, се обидува да најде решение за олеснување на затегнатите односи меѓу Хезболах и Израел, особено во услови на закани на Израел за воена операција во јужен Либан.
Израел и Хезболах разменија бројни удари во последните месеци, но тие ескалираа откако Иран истрела проектили врз Израел како одговор на уништената иранска амбасада во Дамаск. Потсетуваме дека Хезболах е поддржан од Иран и Сирија.
Хезболах соопшти дека нема да влезе во никакви конкретни дискусии додека не дојде до прекин на огнот во Газа. Од своја страна, Израел изјави дека сака да го врати мирот на својата северна граница, така што илјадници раселени Израелци можат да се вратат во областа без страв од ракетни напади во март, во писмо до француската амбасада во Бејрут Либан, изрази уверување дека француската иницијатива ќе биде значаен чекор кон мирот и безбедноста во Либан и во регионот.
Локалните либански медиуми објавија дека владата им дала повратна информација на Французите за предлогот, но француските власти рекоа дека досегашните одговори биле општи и дека немало консензус меѓу Либанците.
Стефан Сежурне ќе го посети и Израел, но земјата останува претпазлива во врска со француската иницијатива.
Потсетуваме дека на 24 април, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелските сили убиле половина од командантите на Хезболах во јужен Либан, при што израелските одбранбени сили извршија голем бран напади врз десетици локации кои припаѓаат на терористичката група.