Кина го испрати Блинкен со авиони
Тајван утрово пресретнал над 20 кинески воени авиони во Тајванскиот теснец, објави Ројтерс.
Ројтерс прв објави дека 12 авиони на кинеското воено воздухопловство денеска влегле во воздушниот простор на Тајван над Тајванскиот теснец, цитирајќи го соопштението на Министерството за одбрана во Тајпеј. 12 авиони ја преминаа средната линија на теснецот што ги дели воздушните простори на Кина и Тајван.
Тридневната посета на Кина на американскиот државен секретар Ентони Блинкен заврши вчера. Посетата следи по новиот пакет американска воена помош во вкупна вредност од 95 милијарди долари за американските сојузници, вклучително и Тајван.