03 април 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на Фондација Македонија, Виктор Стојанов, во своја јавна изјава остро реагираше на, како што тврди, засилен притисок врз медиумите и слободата на изразување во Северна Македонија. Во фокусот на неговото обраќање е неодамнешниот случај со затворањето на онлајн медиумот „Канал Б2“.
Според Стојанов, во изминатите месеци се забележува „системско прогонување“ на Бугарите во земјата, но актуелниот случај, како што истакнува, оди чекор понатаму и ја засега директно медиумската слобода. Тој го обвинува владата предводена од Димитар Мицкоски дека врши притисок не само врз поединци, туку и врз независни медиумски платформи.
Како пример го посочува „Канал Б2“, медиум кој, според него, давал простор за различни гласови – опозициски политичари, независни новинари и јавни личности кои немаат пристап до поголемите медиуми. Стојанов тврди дека телевизиското студио во Скопје било затворено од страна на полицијата, при што била одземена целокупната техничка опрема.
„Одземањето на техниката се прави под изговор за некаква истрага, во која засега нема обвинети ниту конкретни правни последици“, наведува Стојанов. Тој додава дека не е познато колку долго ќе трае постапката, ниту кога, или дали, опремата ќе биде вратена.
Според неговите зборови, ваквата постапка практично го оневозможува функционирањето на медиумот и претставува директен удар врз слободата на говорот. Тој истакнува дека новинарите поврзани со каналот се доведени во ситуација да не можат да ја вршат својата работа.
Стојанов дополнително нагласува дека случајот отвора прашања за демократските стандарди во земјата, особено во контекст на нејзините евроинтеграции. „Ова се случува во 2026 година, во земја која декларативно се стреми кон членство во Европската унија“, вели тој, додавајќи дека ваквите настани предизвикуваат загриженост кај граѓаните од различни етнички заедници.
И покрај ситуацијата, од „Канал Б2“ најавуваат дека ќе се обидат да продолжат со работа, иако условите за тоа остануваат нејасни. Стојанов ги повика медиумите и новинарите да посветат внимание на случајот и да побараат директни изјави од засегнатите новинари, со цел, како што рече, „да се слушне вистината за случувањата“.
Случајот со „Канал Б2“ веќе отвора поширока дебата за состојбата со медиумските слободи и функционирањето на институциите во Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

