Во Чиле е прогласена тридневна национална жалост
Претседателот на Чиле Габриел Борих прогласи тридневна национална жалост по убиството на тројца полицајци на југот на земјата, објави Ројтерс.
Нападот се случил во општината Канете, провинцијата Арауко, кога полициските службеници одговориле на три лажни повици за итни случаи. Полицајците биле нападнати во нивното возило со оружје од тежок калибар и изгорени.
Регионот каде што се случи нападот е дом на долготрајни тензии меѓу државата и домородниот народ Мапуче во јужноамериканската земја.
Борич побара сторителите на ова страшно злосторство да бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата.