Земјотрес со јачина од над 6 степени според Рихтеровата скала го потресе Тајван
Два земјотреси, најсилниот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, го погодија источниот тајвански округ Хуалиен во саботата (по локално време).
Ова го пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на метеоролошката управа на островот.
Нема извештаи за загинати, повредени или сериозна материјална штета.
Потресите, регистрирани на половина час еден од друг во раните утрински часови, беа почувствувани во главниот град Тајпеј.
Првиот земјотрес беше на длабочина од 24,9 километри и го погоди брегот на Хуалиен, додека вториот со јачина од 5,8 степени беше на длабочина од 18,9 километри и погоди слична локација. откако земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Хуалиен претходно овој месец, при што загинаа 17 луѓе.
Силните земјотреси се честа појава во Тајван.
Повеќе од 100 луѓе загинаа во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година, додека во земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер загинаа повеќе од 2.000 во 1999 година.