Жртви и разурнувања по торнадо во Кина
Во торнадото што го погоди градот Гуангжу во јужна Кина загинаа пет лица, а 33 се повредени, јавува Ројтерс.
Торнадото оштети 141 зграда, но ниту една не беше станбена.
Спасувачките операции се завршени.
Минатата година кинеската Џиангсу беше погодена од силно торнадо во кое загинаа 10 луѓе по поројниот дожд што го зафати југоисточниот дел на Кина, што предизвика масовна евакуација и лизгање на земјиштето по тајфунот Хаикуи.