29 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Македонија ја очекува првиот снег од оваа есен. Според метеоролозите, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Во главниот град времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. И тука ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утре се очекува стабилно време, но од среда попладне до петок Македонија ќе биде под влијание на нов влажен бран. Во овој период се најавуваат врнежи од дожд, локално пообилни со количина од над 30 литри на метар квадратен.
Со продорот на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток и петок на повисоките планини дождот ќе преминува во повремен снег. Температурите значително ќе опаднат, што ќе ја донесе првата зимска слика во земјата.
Од викендот се предвидува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневните температури.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден