23 октомври 2025
• од Гоце Кически
Претпладне по одделни котлини се очекува појава на магла и значително намалена хоризонтална видливост, која локално може да биде и под 50 метри. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во западните делови на земјата се очекува слаб локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.
Температурите ќе се движат од 4°C до 13°C минимални и 14°C до 22°C максимални, зависно од регионот.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има магла и намалена видливост. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 9°C, а максималната ќе достигне 20°C.
Поради утринската магла, возачите да бидат внимателни и да го прилагодат своето возење на условите на патот.
ССМ излегува на улица на 28 јануари, ќе се бара минимална плата од 600 евра
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

