ДУИ: Опасната реторика на Мицкоски ги обединува Албанците
Демократската унија за интеграција (ДУИ) жестоко реагираше на најновото јавно обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за користење на реторика која, според нив, носи опасни поделби и дискриминација, особено кон албанската заедница во земјата. Во соопштението од ДУИ се наведува дека Мицкоски, наместо да се посвети на реформите, економската стабилност и европските интеграции, повторно се враќа на националистичка реторика со која „одредува кој е прифатлив Албанец, а кој не“. Партијата оваа практика ја споредува со политиките од мрачните…